
Следниот дел од проектот „Ги штитиме ромските деца и семејства – ЗАШТИТА ЗА СИТЕ“, кој „Сумнал“ започна да го имплементира од 14-ти август оваа година, беше дистрибуција на печатени материјали.
По одобрувањето и печатењето од страна на донаторот (ОБСЕ – Мисија во Скопје), печатените материјали беа доставени до нашата канцеларија во Битола. Според тоа, направивме соодветни подготовки за нивната дистрибуција. Материјалите се состојат од печатен Прирачник за наставници, родители и деца, како и едукативен материјал со активности и препораки, се поврзано со Ковид-19 пандемијата.
За таа цел, 4 теренски едукатори ги дистрибуираа пелатените материјали и истовремено ги едуцираа за нивната содржина и како да ги користат. Според претходно планираното, оваа активност требаше да се одржи од 11 до 18 септември, 2020 година, но поради задоцнувањето на печатењето и доставата, се одржа од 2 до 6 ноември, 2020 година. Со цел да се имплементираат сите планирани активности, побаравме продолжување без трошоци од нашиот донатор, кое беше одобрено.
По ова, продолжуваме со online часови за децата, тематски работилници и психолошко советување за родителите, како и информирање за превенцијата и мерките дадени од властите на тешко достапните Роми.
Проектот е финансиран од ОБСЕ – Мисијата во Скопје.



