Пакет на внатрешни правилници, процедури и обрасци на „Сумнал“

Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ го објавува својот Комплетен пакет на внатрешни правилници, процедури и обрасци, усвоен со Одлука бр. 3/2026, на Седница бр. 2/2026, одржана на 12.09.2026 година.

Пакетот е подготвен со цел да обезбеди јасни, транспарентни и усогласени правила за организациското и проектното работење на „Сумнал“, особено при спроведувањето активности во рамките на програмите Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус.

Пакетот опфаќа:

  • Правилник за Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус, учесници, кадар, безбедност, документација, учење и дисеминација;
  • Правилник и процедура за избор, ангажирање и управување со локални и ESC волонтери;
  • Правилник за внатрешно работење;
  • Процедура за мониторинг и евалуација;
  • Процедура за дисеминација, комуникација и видливост;
  • практични обрасци за организациско и проектно работење.

Документите се подготвени согласно релевантните принципи и правила од Erasmus+ Programme Guide 2026, European Solidarity Corps Guide 2026 и стандардите за квалитет на програмите.

При спроведувањето на секој конкретен проект се применуваат и важечкиот договор за грант, правилата на соодветната програмска акција и инструкциите на надлежната Национална агенција или Европската комисија.

Пакетот се применува од денот на неговото усвојување и ќе се ажурира согласно програмските, законските и организациските промени.