Состанок во рамки на проектот ДИРА

Преставници од здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од 10-12 февруари 2023 година, присуствуаа на состанок во Ниш – Србија, во рамки на проектот „Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги/Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA“.
На состанокот учестуваа партнерските организации од Финска, Северна Македонија, Италија и Србија.
За време на состанокот се презентираа резултатите од општиот прашалник за сите земји учеснички како и националните прашалници за секоја земја учесник, кои имаа за цел да ги истражат потребите и состојбата на Ромските заедници во областа на дигиталните знаења и вештини.
Професорите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, проф. д-р Никола Рендевски, проф. д-р Андријана Боцевска и проф. д-р Моника Марковска ја образложија плаформата за учење ДИРА, по што следуваше дискусија за тоа што треба да содржи според резултатите добиени од прашалниците.
Проектот е кофинансиран од Европската унија преку Еразмус + програмата, а го координира финската фондација Деаконес.