
Амбасадорот Дејвид Гир, Првата дама Елизабета Ѓоргиевска и в.д. Директорката на UN_MK Моника Сандри вчера официјално ја отворија изложбата „Иднина е женски род”.


Во друштво на 12-те протагонистки, извонредни дами од различни сфери на животот, се потсетивме на клучната улога која секоја жена ја има во своето опкружување.


На секое девојче му е потребна љубов, но и многу примери низ животот за да израсне во жена. Овие дами се токму тоа – пример за истрајност, волја за живот, храброст, мудрост.

Една од 12-те протагонисти е и нашата претседателка Фатма Бајрам Аземовска, докторанд.
Иднината е женски род.
„Жени кои веруваат во себе, своите способности и нивниот потенцијал, да водат и инспирираат позитивни промени“ – Фатма Бајрам Аземовска.








